Author Archives: admin

Опасни пратки

Опасни материи

Под “опасни материи” се подразбираат супстанци или производи за кои превозот е забранет или одобрен само под одредени околности со кои се запазуваат прописите од Законот за превоз на опасни материи.

Согласно ова, со цел да не се загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина и природата, односно за зачувување на безбедноста на воздушниот сообраќај, овој вид на пратки не е дозволен во авионскиот транспорт.

Опасните материи врз основа на своите карактеристики се делат на неколку класи:

  • Експлозивни материи и предмети
  • Гасови
  • Запаливи течности
  • Запаливи цврсти материи
  • Самозапаливи материи
  • Материи што во допир со вода развиваат запаливи гасови
  • Оксидирачки материи
  • Органски пероксиди
  • Отрови
  • Заразни материи
  • Радиоактивни материи
  • Корозивни ( нагризувачки) материи
  • Други опасни материи и производи

Ин Тиме МК БПС опфаќа 100 % од територијата на Македонија.

Ин Тиме МК БПС опфаќа 100 % од територијата на земјата.
На територијата на Македонија, Ин Тиме МК БПС има отворено три канцеларии кои се целосно посвeтени на курирскиот сервис:

  • Аеродром “Александар Велики” , Петровец ( логистика и оператива)
  • Експрес центар, населба Илинден ( логистика, оператива, подршка на клиенти, ИТ подршка)
  • Експрес центар, Штип ( курирски центар за подршка за Источна Македонија)

Ин Тиме МК БПС, единствен авторизиран сервис за УПС во Македонија

Ин Тиме МК БПС како единствен авторизиран сервис за УПС во Македонија врши меѓународни курирски услуги. Со помош на 316 чартер летови, уште 266 авиони, сопственост на УПС, Вашите лични и службени пратки- писма, примероци, каталози,резервни делови, апарати и опрема, книги, уметнички предмети – се доставуваат до корисниците во над 200 земји и територии во светот.