Опасни материи
Под “опасни материи” се подразбираат супстанци или производи за кои превозот е забранет или одобрен само под одредени околности со кои се запазуваат прописите од Законот за превоз на опасни материи.
Согласно ова, со цел да не се загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина и природата, односно за зачувување на безбедноста на воздушниот сообраќај, овој вид на пратки не е дозволен во авионскиот транспорт.
Опасните материи врз основа на своите карактеристики се делат на неколку класи:
- Експлозивни материи и предмети
- Гасови
- Запаливи течности
- Запаливи цврсти материи
- Самозапаливи материи
- Материи што во допир со вода развиваат запаливи гасови
- Оксидирачки материи
- Органски пероксиди
- Отрови
- Заразни материи
- Радиоактивни материи
- Корозивни ( нагризувачки) материи
- Други опасни материи и производи