Опасни пратки

Опасни материи

Под “опасни материи” се подразбираат супстанци или производи за кои превозот е забранет или одобрен само под одредени околности со кои се запазуваат прописите од Законот за превоз на опасни материи.

Согласно ова, со цел да не се загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната средина и природата, односно за зачувување на безбедноста на воздушниот сообраќај, овој вид на пратки не е дозволен во авионскиот транспорт.

Опасните материи врз основа на своите карактеристики се делат на неколку класи:

  • Експлозивни материи и предмети
  • Гасови
  • Запаливи течности
  • Запаливи цврсти материи
  • Самозапаливи материи
  • Материи што во допир со вода развиваат запаливи гасови
  • Оксидирачки материи
  • Органски пероксиди
  • Отрови
  • Заразни материи
  • Радиоактивни материи
  • Корозивни ( нагризувачки) материи
  • Други опасни материи и производи