Author Archives: admin

Ин Тиме МК – Одредби и услови за превоз, 2023 година

1. Вовед

A. Овие услови („услови“) ја поставуваат основата врз која УПС ќе врши транспорт на пакети, документи и писма („пакети“) и добра поставени на палети („палети“; палети и пакети заедно претставуваат „пратки“). Овие услови се дополните од тековниот, применлив Водич за услуги и тарифи на УПС („Водич“). Водичот содржи важни детали за услугите на УПС, кои испраќачот треба да ги прочита и кои се дел од договорот меѓу УПС и испраќачот.

Б. Терминот „УПС“ ќе има значење и договорот со испраќачот ќе биде со служба овластената од УПС или субјектот УПС, доколку постои во земјата каде пратката се дава за транспорт или, кој може да стапи во контакт со земјата на потекло, 5 Avenue Ariane, 1200 Брисел, Белгија (иако ова нема да се земе предвид како избрано седиште или надлежност на некој суд). Тоа друштво, исто така, ќе биде (првиот) превозник на добрата за намените на Конвенциите  наведени во став В.

В. Доколку авионскиот транспорт вклучува крајна дестинација или станица во земјата на потекло, ќе се примени Варшавската конвенција. Варшавската конвенција ја раководи и во повеќето случаи ја ограничува одговорноста на транспортерите во однос на загубата, оштетувањето или доцнењето на каргото. (За намената на овие услови фразата „Варшавска конвенција“ значи (i) Конвенцијата за унификација на одредените правила поврзани со меѓународниот авионски транспорт потпишана во Варшава на 12 октомври 1929 година или (ii) дека Конвенцијата е изменета или дополнета со некој протокол или дополнителна конвенција или (iii) Конвенцијата од Монтреал од 1999 година, во зависност која може да се примени). Без оглед на некоја клаузула за спротивното, меѓународниот патен транспорт може да биде предмет на одредби од Конвенција за договор за меѓународен патен превоз на стока, потпишана во Женева на 19 мај 1956 година („CMR Конвенцијата“).

Г. Една пратка може да се превезе преку непосредни станици кои УПС ги смета за соодветни. УПС може да вклучи подизведувачи за извршување на услуги и договори во свое име и во име на своите службеници, агенти и подизведувачи и секој од нив ќе ги ужива придобивките од овие услови.

Д. Во овие услови, „Товарен лист“ значи единствени товарен лист на УПС или записите заведени со истиот датум, адреса и ниво на услуга на документот за подигање на стоката. Сите пакети или палети опфатени со товарниот лист ќе се сметаат за една пратка.

2. Опсег на услугите

Освен ако не се договорени посебни услуги, услугата обезбедена од УПС е ограничена на подигање, транспорт, царинење, каде може да се примени, и достава на пратката. Испраќачот прифаќа дека пратката ќе биде консолидирана со тие на другите испраќачи во однос на транспортот и дека УПС не го следи пристигањето и заминувањето на поединечни пратки во сите центри за средување.

УПС не е јавен превозник и го задржува правото со апсолутна дискреција да одбие транспорт на некоја пратка доделена за транспорт.

3. Услови за транспорт

Овој дел ги поставува разните ограничувања и услови кои се применуваат за транспорт на пратки од страна на УПС. Исто така, објаснува кои последици ги сноси испраќачот што дава пратки за транспорт кои не ги исполнуваат овие услови.

3.1 Ограничувања и услови за услуги

Пратките мора да се во согласност со ограничувањата од ставовите од (i) до (v) наведени долу.

(i) Пакетите не смеат да тежат повеќе од 31,5 килограми (или 70 фунти) или 70 килограми (или 150 фунти) (зависно од земјата  каде пратката е предадена на УПС заради транспорт и крајната дестинација, како што е наведено во Условите) или да надминуваат 274 сантиметри (или 108 инчи) во должина или вкупниот збир од должина и обем да биде поголем од 419 сантиметри (или 165 инчи). Палетите се предмет на ограничување на максимална големина и тежина, кои можат да се разликуваат според потеклото и дестинацијата и тие се поставени на www.ups.com.

(ii) Вредноста на секој пакет не може да надмине 50.000 американски долари конвертирани во локалната валута. Дополнително, вредноста на накитот или часовниците, освен накитот или часовниците што се бижутерија, во еден пакет не смее да надмине 500 американски долари конвертирани во локалната валута. Вредноста на секоја палета не може да надмине 100.000 американски долари конвертирани во локалната валута.

(iii) Пратките не смеат да содржат какви било забранети артикли наведени во Водичот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на артикли од невообичаена вредност (како уметнички дела, антиквитети, скапоцени камења, поштенски марки, уникатни предмети, злато или сребро), пари или хартии од вредност (како чекови, меници, обврзници, штедни книшки, припејд кредитни картички, акции и други хартии од вредност), оружје и опасни добра.

(iv) Пратките не смеат да содржат добра кои можат да го доведат во опасност животот на човекот или животните или кое било средство за транспорт или кои можат да расипат или оштетат други добра што УПС ги транспортира или чиј транспорт, извоз или увоз е забранет со важечкиот закон.

(v) Палетите мора да бидат поставени на палета и добро прицврстени, да можат да се подигнат со виљушкар и обвиени со стреч фолија прицврстени на палетата.

Испраќачот е одговорен за точноста и комплетираноста на деталите внесени во Товарниот лист, како и за потврдување дека сите пратки содржат соодветни детали за контакт на испраќачот и примателот на пратката и дека се спакувани, означени и етикетирани на тој начин што нивната содржина е опишана и класифицирана и се придружени со документација која во секој случај е неопходна за транспорт, како и да се во согласност со условите од Водичот и важечкиот закон. Освен ако на Товарниот лист или друга применлива документација за достава на УПС не е избрано друго ниво на услуга, пратките ќе се транспортираат според Експрес (или Експрес транспорт) услугата (доколку е достапна во избраната дестинација) и соодветно ќе се пресметаат сите применливи трошоци.

Испраќачот гарантира дека сите пратки предадени за транспорт според овие услови се во согласност со ограничувањата од ставовите од (i) до (v) наведени погоре и дека се подготвени во безбедни простории од негова страна (кога се работи за индивидуален испраќач) или од страна да доверлив персонал вработен од него или (доколку е различно) од лице кое пратката му ја предала на УПС за достава и дека се заштитени од неовластено влијание за време на нивната подготовка, складирање и транспорт до УПС. УПС смета на оваа гаранција при прифаќање на која било пратка за транспорт опфатена со овој документ. Сите други пратки не се прифаќаат за транспорт.

3.2 Лесно расипливи добра и добра чувствителни на температура ќе се транспортираат доколку испраќачот прифати дека тоа е на негов ризик. УПС не обезбедува посебен третман за такви пратки.

3.3 Одбивање или прекин на транспорт

(i) Доколку УПС воочи дека некоја пратка не ги исполнува гореспоменатите ограничувања или услови или дека COD износот по доставување наведена во COD Товарниот лист ги надминува ограничувањата наведни во став 8, УПС може да одбие да изврши транспорт на релевантната пратка (или некој релевантен дел), а доколку транспортот е во тек, УПС може да го прекине истиот и да ја задржи пратката (или релевантниот дел) по налог на испраќачот.

(ii) УПС, исто така, може да го прекине транспортот доколку доставата не може да се изврши, доколку примателот одбие да ја прифати доставата, доколку доставата не може да се изврши поради неточна адреса (по искористување на сите расположливи средства да се најде точната адреса) или ако точната адреса е најдена во друга земја од таа наведена на пратката или Товарниот лист или доколку на примателот на доставата не може да му наплати.

(iii) Со тоа што УПС има право да го прекине транспортот на пратката (или некој релевантен дел), има право и истата да ја врати до испраќачот.

3.4 Испраќачот мора да ги плати и надомести разумните трошоци и расходи на УПС (вклучувајќи складирање), за загуби, даноци и царински давачки што УПС може да ги претрпи и за сите побарувања направени против УПС бидејќу (i) пратката не ги исполнила ограничувањата, условите и барањата наведени во став 3.1 погоре (ii) поради одбивање или суспензија на транспорт или враќање на пратка (или некој релевантен дел) од страна на УПС, што е дозволено со овој став 3 или (iii) заради непочитување на условите од страна на испраќачот. Во случај пакетот или пратката да се врати, испраќачот, исто така, е одговорен за плаќање на сите применливи трошоци пресметани во согласност со важечките комерцијални цени на УПС.

3.5 Доколку испраќачот на УПС му предаде пратка која не е во согласност со ограничувањата или условите од став 3.1 погоре, без дадена писмена согласност од страна на УПС, УПС нема да ја надомести загубата која може да произлезе на сметка на испраќачот во врска со транспортот извршен на таа пратка од страна на УПС (независно дали неуспехот за усогласување бил предизвикан или придонел за загубата или какво била невнимателност, освен своеволна злоупотреба направена од страна на УПС или секаква невнимателност, вклучувајќи своеволна злоупотреба направена од страна на неговите вработени, изведувачи или претставници), и доколку УПС го суспендира транспортот поради причина наведена во овие услови, испраќачот нема право на поврат на трошоците за транспорт што ги платил. УПС може да направи побарување во однос на таквата неусогласеност.

3.6 Доколку при суспендирање на транспорт на пратка (или некој релевантен дел) во согласност со овие одредби УПС не е во можност да добие инструкции од испраќачот во разумно време или да идентификува дали испраќачот или некоја друга личност има право на добрата (доколку било неопходно да се отвори пратката), УПС има право да ја уништи или продаде пратката (или некој релевантен дел), со апсолутна дискреција. Таквата продажба, прво, ќе подлежи на сите доспеани наплати и трошоци (вклучувајќи камата), во однос на пратката или од засегнатиот испраќач. Секој биланс ќе се чува по налог на испраќачот.

3.7 Освен ако не е забрането со закон, УПС го задржува правото, но не е обврзан, во секое време да ја отвори и провери или направи рендген скенирање на секоја пратка доделена за транспорт.

4. Царинење

Кога некоја пратка треба да се царини, одговорност на испраќачот е да му даде, или да се увери дека примачот ќе му даде, на УПС целосна и точна документација за целите на царинење, но УПС ќе дејствува во име, на сметка и на ризик на испраќачот или примачот, освен ако не е му е наложено поинаку.

Во случај на пратки чии точки на испраќање и чии дестинации се во истата царинска област, УПС ќе врши царинење само ако му е наложено да го направи тоа. Испраќачот, исто така, се согласува дека УПС може да се смета за примач на пакет или пратка само со цел да назначи царински брокер кој ќе го спроведува царинењето, до степен до кој тоа е дозволено со закон.

 

5. Плаќање

5.1 Цените за транспорт и други услуги се наведени во Водичот и освен ако не се платат пред доставата, сите трошоци мора да се платат во рок од 7 дена од приемот на фактурата или во рамките на таков друг период за кој испраќачот и УПС се согласиле на писмено. УПС може да ја потврди фактичката и/или димензионалната тежина на пратките и, доколку е поголема од декларираната тежина, да издаде фактура на таа основа. Освен ако не е поинаку докажано, ќе се смета дека фактурата за оваа намена е примена три работни дена по датумот назначен на фактурата.

5.2 Доколку а) УПС треба да ги плати сите даноци, царински давачки или други давачки во име на испраќачот, примателот или трето лице, б) избраната опција за наплата посочува дека примателот или трето лице треба да ги плати сите давачки или в) сите даноци, царински давачки, казни, давачки или трошоци се наметнати или направени како резултат на некое дејство направено од страна на царинските власти или неуспех на испраќачот или примателот да обезбедат соодветна документација или дозволи или лиценци потребни за транспорт, тогаш (без штета на договорната одговорност на испраќачот за исплата) УПС, првично, ќе му наплати на примателот или, доколку е применливо, на трето лице. Доколку засегнатиот износ веднаш и целосно не му се плати на УПС од страна на такво лице, тој износ ќе му се наплати на испраќачот по пат на писмено барање. УПС не е обврзан одделно да издаде побарување против примателот или некое трето лице за наплата, доколку испраќачот има заедничка одговорност со тие лица. Во случај на сомнеж, товарот за докажување дека износот е платен лежи кај испраќачот.

5.3 Секој доспеан износ, што треба да му се плати на УПС, ќе подлежи на каматна стапка од 2% над меѓубанкарската кредитна стапка која важи на денот на доспевање во земјата каде пакетот е предаден на УПС за транспорт, од датумот на доспевање до датумот кога УПС ќе ја прими исплатата, независно дали тоа е пред или по одлуката. Дополнително, УПС го задржува правото да наплати административен надоместок за задоцнето плаќање до максимум 40 евра конвертирани во локалната валута по фактура.

5.4 Доколку испраќачот, примателот или некое трето лице не плати одреден износ опфатен со овие услови, УПС може да ја задржи пратката што ја превезува (или дел од неа), додека не добие целосна исплата или истата да ја продаде и средствата да ги искористи за отплата на долгот во согласност со важечкиот локален закон. Секој неплатен износ ќе остане за плаќање.

5.5 Цените на УПС за транспорт наведени во Водичот се пресметани само за транспорт на пратки кои не ја надминуваат вредноста на износите поставени во став 3.1(ii) (или друга применлива вредност, доколку е пониска). Во случај УПС да воочи дека превезувал пратка која, без писмена согласност од УПС, ја надминуваа таа вредност, тогаш кон применливите цени и трошоци и други правни лекови опфатени со овие услови, ќе се наплати дополнителен трошок за транспорт еднаков на 5% од вредноста на пратка од релевантниот износ наведен во став 3.1(ii).

 

2022 УПС ТАРИФЕН ВОДИЧ МАКЕДОНИЈА                            РЕФЕРЕНТНИ ИНФОРМАЦИИ

 

6. Прекин на услуга

Доколку УПС не е во можност да почне или продолжи со превоз на пратката на испраќачот поради причина надвор од негова контрола, УПС со тоа не го прекршува договорот со испраќачот, но УПС ќе ги преземе сите чекори што разумно можат да се применат во дадените околности, со цел да започне или продолжи со транспортот.

Пример за настани надвор од контролата на УПС се прекини во воздушниот или патниот превоз поради лошо време, оган, поплава, војна, немири, граѓански бунтови, владини мерки и мерки од други власти (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на царина) и спорови со работници или обврски кои влијаат врз УПС или некое други лице, доцнење со царинење и/или доцнење или други прашања кои произлегуваат од или се поврзани со тоа што Обединетото Кралство повеќе не е земја членка на ЕУ.

 

7. Гаранција за поврат на пари

За одредени услуги и дестинации УПС нуди гаранција за поврат на трошоците за достава. Детали за применливоста, условите и за засегнатата достава, како и рок на подигање за релевантната услуга и дестинација се поставени во Водичот и на интернет-страницата на УПС (www.ups.com), кои се ажурирани во времето на прием на добрата за транспорт и можат да бидат потврдени со контакт со локалниот центар за информации на УПС на територија на испраќачот.  Со цел да се избегне каков било сомнеж, одговорноста на УПС за гаранцијата на поврат на пари е ограничена на горенаведеното и гаранцијата не сочинува каков било потфат или претпоставка дека пратката ќе стигне до некое одредено време.

 

8. Исплаќање на вредноста на добрата при достава (COD)

За одредени дестинации и услуги како што е советувано од страна на локалниот центар за информации на УПС, УПС нуди COD услуга за плаќање на дополнителен трошок, како што е поставено во Водичот. Доколку испраќачот ја искористи оваа услуга, како предмет на одредбите поставени долу (вклучувајќи ги тие за конвертирање на валута), УПС ќе го наплати COD износот наведен на Товарниот лист во име на испраќачот. Оваа услуга не е достапна за палети.

COD износот мора да биде назначен на Товарниот лист во евра или во валутата на земјата на дестинација. Доколку COD износите наведени во Товарниот лист, а наплатени на примателот и/или платени на испраќачот се во различни валути, конвертирањето ќе се направи според девизниот курс кој УПС разумно ќе го утврди.

УПС не прифаќа одговорност за ризиците од конвертирањето валути.

 

8.1 Плаќање на COD во готовина – Доколку, во согласност со важечките насоки на УПС, УПС добие инструкции наведни на Товарниот лист да прифати само готовина, УПС ќе наплати само во готовина во валутата на земјата на дестинација. Доколку се наплати во готовина, максималниот износ што може да се наплати во таа форма во име на испраќач е 5.000 евра по примател на ден конвертирани во локалната валута. Покрај горенаведеното, износот наплатен во готовина во име на испраќачот од примачи што се наоѓаат во следните земји за COD пратки не може да ги надмине соодветните износи по примач дневно: Австрија: 3.500 евра, Белгија 3.000 евра, Данска: 20.000 дански крони, Германија: 3.500 евра, Шпанија 1.000 евра, Грција 499 евра, Португалија 1.000 евра, Италија 999,99 евра, Франција 1000 евра, Романија 10.000 романски леи за поединци, а 5.000 романски леи за правни лица, Шведска 3.000 шведски круни, Швајцарија: 3.500 швајцарски франци, Полска 15.000 полски злота. Доколку испраќачот наведе COD износ кој ги надминува тие ограничувања, УПС автоматски ќе има право да прифаќа чекови за целосниот или дел од тој износ.

Одвреме-навреме, во одредени земји може да се применуваат дополнителни ограничувања; детали за такви ограничувања ќе бидат дадени или во Водичот или на интернет-страницата на УПС (www.ups.com).

8.2 Плаќање на COD со чекови – Доколку во Товарниот лист (и во согласност со применливите насоки на УПС) нема јасни инструкции за УПС да прифати само готовина, УПС може да изврши наплата во готовина (која е подложи на ограничувањата во став 8.1) или со чек издаден за испраќачот што се признава во земјата на дестинација на пратката. Доколку УПС прифати чекови максималниот износ што може да се наплати во таа форма не смее да го надмине еквивалентот на 50.000 американски долари по пакет (или друга пониска применлива вредност). Доколку на УПС му е дозволено да прима чекови, чекот може да го наплати во евра или во локалната валута на земјата на дестинација.

8.3 Исплата на наплатени COD износи – Доколку УПС наплати готовина, УПС на испраќачот ќе му плати еднаков износ во локалната валута на земјата каде пратката била предадена на УПС за транспорт. УПС може да направи такви исплати на COD износи преку пренос на банкарска сметка посочена на УПС од страна на испраќачот или со издавање чек во корист на испраќачот.

Сите чекови во корист на испраќачот, издадени од УПС како што е наведено горе или од примателот и наплатени од страна на УПС во согласност со став 8.2, можат да се пренасочат до испраќачот по редовна пошта на ризик на испраќачот или да му се предадат на испраќачот или на некое друго лице кое има овластување да го прифати чекот во име на испраќачот.

8.4 Во случај испраќачот да не го прими COD износот, испраќачот мора писмено да го извести УПС во рок од 45 дена од датумот на достава на засегнатата пратка.

8.5 Испраќачот ќе го обесштети УПС за сите загуби, трошоци и какви било побарувања против УПС направени од примателот или трето лице, произлегувајќи од тоа што УПС не ја доставил пратката поради тоа што примателот не го платил COD износот во соодветна форма или одбива да ја прими пратката.

8.6 Одговорноста на УПС во однос на износот кој треба да се наплати нема да го надмине максималниот применлив износ што треба да се наплати според овие услови или COD износот посочен на Товарниот лист, кој било е помал. Понатаму, COD износот во никој случај нема да ја надмине вредноста на добрата во нивната дестинација, плус применливите трошоци за транспорт. Со цел да се избегне сомнеж, COD износот не претставува декларација на вредноста за намената од став 9.4 и нема да влијае врз одговорноста на УПС за загуба, штета или доцнење на самите добра.

УПС не прифаќа одговорност за нечесни и измамнички дела во име на примателот вклучувајќи, но не ограничувајќи се на давање лажен чек или чек кој подоцна е повлечен или за чекови неточно пополнети од страна на примателот.

 

9. Одговорност

9.1 Каде Варшавската или CMR Конвенцијата или друг национален закон, со кој се спроведуваат или усвојуваат овие конвенции, се применуваат (заради олеснување се наведуваат како Правила од конвенции) или каде (и до степен кога) се применува друг задолжителен национален закон, одговорноста на УПС се води според и ќе биде ограничена според важечките закони.

9.2 Каде не се применуваат Правилата од конвенциите или други задолжителни национални закони, УПС ќе биде одговорен само доколку не делува со разумна грижа и вештина и неговата одговорност ќе биде опфатена само со овие услови и (освен во случај на лична повреда или смрт) ограничена до докажаната штета во износ од 100 американски долари по пратка во вредност на локалната валута, освен ако испраќачот не назначил поголема вредност според став 9.4 долу.

9.3 Доколку побарувачот (или лицето од кое тој се повикува на право да направи побарување) ја предизвикал или придонел до загубата, штетата или доцнењето на пакетот или палетата, секоја одговорност што УПС ќе ја добие во однос на тоа (ограничена според горенаведеното) може да се намали или укине во согласност со важечкиот закон за таква заедничка небрежност.

9.4 Испраќачот, кој подлежи на одредбите од став 9.5, може да добие поголемо ограничување на одговорноста од тоа што УПС го обезбедува со став 9.2 погоре или од тоа што може да биде доделено со Правилата од конвенциите или друг задолжителен национален закон.

Испраќачот ова може да го направи со тоа што во Товарниот лист ќе назначи поголема вредност и ќе плати дополнителен трошок, како што е наведено во Водичот. Доколку испраќачот пријави повисока вредност за транспорт и ги плати дополнителните трошоци, тогаш одговорноста на УПС ќе биде ограничена до докажената штета и нема да го надминува декларираниот износ. Вредноста на засегнатите добра во никој случај нема да ги надмине ограничувањата наведени во став 3.1(ii).

9.5 Освен каде Правилата од конвенциите или други задолжителни национални закони не пропишуваат поинаку, УПС не прифаќа одговорност за чисто економски загуби, како што се трошоците за алтернативни средства за транспорт, загуба на профит, загуба на деловни можности или загуба на приход која резултира од загуба од користење, а произлегуваат од секоја загуба или оштетување или доцнење на пратката (или дел од неа), независно дали е декларирана вредност во однос на релевантната пратка според став 9.4.

УПС не е одговорен за кое било оштетување или загуба на пакети или палети.

 

10. Достава

УПС може да достави пратка до примателот именуван на Товарниот лист или до некое друго лице што има овластување да ја прифати доставата на пратката во име на примателот (како што се лица од истите простории на примателот или соседи на примателот). Доколку нема такви лица, пакетот може да се остави во поштенското сандаче на  примачот, доколку е соодветно, или да се достави кај сосед, освен ако испраќачот ги исклучил овие опции за испорака користејќи друга применлива услуга. Примателот ќе биде информиран за сите алтернативни договори за достава (или пренасочување до Точка на пристап на УПС) со порака оставена во неговите простории.

Без оглед на претходниот став, и освен ако не е поинаку договорено со испраќачот, УПС може да примени какви било алтернативни методи избрани од страна на примачот во согласност со Условите за услугата Мој избор или кој било друг договор меѓу УПС и примачот. Таквите алтернативни методи на достава, без ограничување, вклучуваат и пренасочување на испорака на пакет до алтернативна адреса (вклучувајќи и Точка на пристап на УПС), овластувајќи го возачот да го остави пакетот во просториите на примачот, менувајќи услуга изберена од испраќачот или презакажување на достава. Испраќачот, исто така, се согласува дека примачот може да добие информации за достава на пакетот. Испраќачот веднаш се откажува од каква било жалба што може да ја има против УПС, а која произлегува од УПС по какви било такви инструкции дадени од примачот.

УПС може да користи електронска направа за да добие доказ за достава и испраќачот се согласува дека нема да приговара УПС да се потпира на печатена копија на ова, како доказ дека засегнатите информации се добиени и зачувани во електронска форма.

Освен доколку Правилата од конвенцијата или други задолжителни национални закони пропишуваат поинаку, УПС не прифаќа одговорност во никакви околности да го суспендира транспортот, да ја пренасочи доставата (независно до друг примател или адреса поинаква од именуваната во Товарниот лист) или да ја врати пратката до испраќачот и во случај да се обиде да го направи тоа, но не успее, нема да биде одговорен за настанатите загуби.

 

11. Заштита на податоци

11.1 УПС има право да обработува податоци дадени од страна на  испраќачот или примачот, а што се поврзани со пренос на пратки од страна на УПС, да ги пренесува такви податоци на друга група компании и договорни страни на УПС, вклучувајќи и компании во други земји кои може да не го поседуваат истото ниво на заштита на податоци како во земјата каде пратката е предадена на УПС за транспорт, и да ги обработува ако и до степен до кој преносот или обработката на личните податоци во таквите земји е потребна за обезбедување на договорените услуги за испорака.

Испраќачот гарантира дека тој (i) ги добил личните податоци што испраќачот ги дал на УПС за пратката, (ii) е овластен да ги даде таквите податоци на УПС ако и до степен до кој преносот или обработката на личните податоци во таквите земји е потребна за обезбедување на договорените услуги за испорака, и (iii) има добиено информирана и конкретна согласност од таквиот примач дека УПС може да испраќа е-пошта и други известувања поврзани со договорените услуги за испорака.

УПС ги користи личните податоци на испраќачот во согласност со Известувањето за приватност на УПС објавено на страницата на УПС, на  http://www.ups.com/content/gb/en/resources/ship/terms/privacy.html.

11.2 Понатаму, испраќачот гарантира дека добил информирана и конкретна согласност од примачот дека УПС може да ги користи личните податоци на примачот во согласност со Известувањето за приватност дадено со врската погоре, кое е на сила за време на доставата, а во поглед на употреби различни од оние наведени во дел 11.1 погоре.

 

12. Постапка за побарувања – Пропис

Сите побарувања против УПС мора да се достават во писмена форма веднаш штом можат да се применат и во рок од 14 дена од приемот во случај на оштета (вклучувајќи делумна загуба на пратката), во случај на доцнење во рок од 21 ден од денот кога добрата се предадени на лицето одговорно за транспорт и во случај на загуба во рок од 60 дена од денот кога добрата се предадени на УПС за транспорт. Дополнително, сите побарувања против УПС во врска со некоја пратка ќе бидат пропишани и означени со бар код до истекот на време, освен ако не е поткрената правна постапка и до УПС не е доставено писмено известување за нив во рок од осум месеци по достава на засегнатите добра или во случај да не се доставени, во период од осум месеци од закажаниот датум на достава. Овој услов нема да влијае врз правата што испраќачот ги ужива според Правилата од конвенциите или други задолжителни национални закони.

 

13. Целиот договор и обезбедување на одредби од договор

Целата на УПС е сите услови од договорот меѓу него и испраќачот да се содржани во овој документ и Водичот. Доколку испраќачот сака да се повика на некоја варијанта на овие услови, мора да потврди дека таа е заведена во писмена форма и потпишана од испраќачот и УПС пред пратката да биде прифатена за транспорт од страна на УПС. Доколку некој дел од овие услови не може да се спроведе, тоа нема да влијае врз спроведувањето на останатите услови.

 

14. Меродавно право

Овие услови се водат од законите на земјата каде пратката е доделена на УПС за транспорт.

УПС – Договор за технологии, 2023 година

Договор за технологии

Транспортната технологија  е од суштинско значење за вашиот бизнис.

Нашата иновативна технологија е насочена кон транспортните процеси создавајќи вредности кои се одвиваат пред времето на испорака.

Со користење на нашито транспорт и технолошките решенија, Вие можете да се насочите кон ефикасното управување со времето и парите.

Исполнувајќи ги високо поставените стандарди,  Ви ги нудиме двете круцијални предности:

  • Сигурни и најбрзи опции за транспорт
  • Точна и прецизна информација за статусот на Вашата пратка (доказ за доставка)

Прецизни податоци за успешна достава на Вашите пратки

За испраќање на Вашите пратки, потребно е да ни ги доставите следните податоци:

За испраќачот – држава, град, поштенски код, име на фирма/ физичко лице, улица и број (блок, влез, кат, стан) контакт лице и телефон.

За примачот – држава, град, поштенски код, име на фирма/ физичко лице, улица и број (блок, влез, кат, стан) контакт лице и телефон.

Зошто го бараме ZIP кодот на местото каде испраќате ? – Тоа е најсигурниот начин дека пратката ќе биде доставена на вистинското место , во точно предвиденото време.

Обезбедувањето на контакт лице и телефон е задолжително. Една од главните причини за неуспешниот обид за доставување на пратките е давање на несоодветен контакт или телефон.

Посебно внимание треба да се посвети кога пратките треба да се достават во големи институции и фирми, при испраќање на документи за апликација во унивезитети итн.

Пратки неприфатливи за транспорт

  • Оружје, експлозивни и запаливи материјали

  • Живи животни

  • Растенија

  • Семиња

  • Биолошки материјал

  • Слонова коска и производи од истата

  • Опасни материи предмети кои претставуваат опасност за животот и здравјето на вработените, како и за интегритетот на останатите пратки. Овие пратки се означени со соодветни симболи.

  • Пари и хартии од вредност

  • Порнографски материјали

  • Наркотични и психотропни супстанци

  • Предмети од исклучителна вредност како вредни метали и камења, уметнички дела, антиквитети, злато, сребро и др.

  • Алкохолни пијалоци

  • Накит и часовници

  • Стоки кои подлежат на расипување

  • Тутун и производи од тутун

Само неколку од горенаведените и декларирани производи како забранети, ќе се прифатат за транспорт во системот на УПС, но само врз основа на строго утврдени правила регулирани со склучен договор, под услов испраќачот да ги почитува бараните прописи.