Прецизни податоци за успешна достава на Вашите пратки

За испраќање на Вашите пратки, потребно е да ни ги доставите следните податоци:

За испраќачот – држава, град, поштенски код, име на фирма/ физичко лице, улица и број (блок, влез, кат, стан) контакт лице и телефон.

За примачот – држава, град, поштенски код, име на фирма/ физичко лице, улица и број (блок, влез, кат, стан) контакт лице и телефон.

Зошто го бараме ZIP кодот на местото каде испраќате ? – Тоа е најсигурниот начин дека пратката ќе биде доставена на вистинското место , во точно предвиденото време.

Обезбедувањето на контакт лице и телефон е задолжително. Една од главните причини за неуспешниот обид за доставување на пратките е давање на несоодветен контакт или телефон.

Посебно внимание треба да се посвети кога пратките треба да се достават во големи институции и фирми, при испраќање на документи за апликација во унивезитети итн.